Македонија
12. November 2025 - 12:24

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија

Шефот на македонската дипломатија одбива да ги коментира ставовите на копретседателот на историската комисија дека работата на ова тело е заглавена и дека властите во Скопје не покажуваат интерес.
Муцунски на прес конференцијата претпладнево рече дека комисијата е составена од научници а Владата е на ставот дека нема да се меша во она што тие го работат на научно ниво.

Според него, секој коментар на оваа тема ќе биде во насока на како што рече, идејата на бугарската страна да испровоцира политички коментари кои потоа би биле ставени во контекст на тоа дека политиката се меша во работата на оваа комисија.