Македонија
12. November 2025 - 12:21
Компаниите не знаат колку ќе плаќаат за декарбонизација
Компаниите се уште не знаат колку ќе изнесува таксата за декарбонизација, кога извезуваат на европскиот пазар. Бараат конкретни и прецизни одговори од надлежното министерство за енергетика, за да можат да се подготват и да направат пресметки колку дополнително ќе ги чини новата давачка, која стапува на сила од 1 јануари.
Со новите правила кои ги наметна Европа, колку повеќе струја од необновливи извори користат во производството – толку ќе треба повеќе да платат.
Во моментов 54% од енергијата која што се користи е од обновливи извори.
-->
-->
