САД и Кина заедно ќе работат за завршување на војната во Украина

Вашингтон и Пекинг ќе соработуваат за да се заврши војната на Русија во Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, јави ДПА.
-Долго време разговаравме за тоа и двајцата ќе соработуваме за да видиме дали можеме да постигнеме нешто – им рече Трамп на новинарите на летот назад кон Вашингтон.
Според Трамп, двајцата лидери се согласиле дека Русија и Украина се „заглавени“ во ќор-сокак.
-Но, тој ќе ни помогне и ние ќе соработуваме за Украина“, рече тој, имајќи го предвид кинескиот претседател – пренесе ДПА.
Пред состанокот, имаше шпекулации дека Трамп ќе ја повика Кина да го запре или намали увозот на нафта од Русија, клучен извор на приходи за воените напори на Москва. Но, Трамп рече дека прашањето за руската нафта не било дел од дискусиите, пренесе германската атенција.
Вашингтон долго време се обидува да ги намали приходите од нафта и енергија што помогнаа во финансирањето на руската воена машинерија, надевајќи се дека ќе ја принуди Москва да ја преиспита својата стратегија.
МИА
Ново на Сител
-

Герасимовски: Очекувам граѓаните повторно да ми ја дадат поддршката
-

Сиљановска-Давкова: По изборите градоначалниците и советниците треба да се фатат за работа
-

Мицкоски: Ова е ден кога народот зборува, ден кога секој од нас има еднаква тежина, чест и одговорност
-

Заврши гласањето, почнува броењето
-

До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52
-

Малолетник од Пехчево крадел пари од баба му и од мајка му
-

Кремљ: Русија внимателно следи што се случува во Венецуела
-

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад
