Македонија
10. October 2025 - 8:53

Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“

Поради уличен дефект на бул. „Илинден“ 2, утринава од  08.40 часот прекинато е водоснабдување кај корисниците на дел од бул. „Илинден“ и дел од бул.„ВМРО“. 

ЈП „Водовод и канализација“ Скопје соопшти дека водоснабдувањето ќе биде прекинато  до завршување со санација на дефектот.

 

МИА