НЦАА поведе истрага против 13 кошаркари за нелегално обложување

Американската универзитетска кошаркарска лига (НЦАА) почна истрага против 13 поранешни кошаркари од шест американски универзитети за кршење на правилата за спортско обложување.
Имињата на играчите не се објавени, а НЦАА соопшти дека станува збор за поранешни играчи од универзитетските екипи Аризона Стејт, Мичиген, Мисисипи Вали, Њу Орлеанс, Северна Каролина и Темпл.
Играчите се под истрага за обложување на натпревари на сопствените тимови, споделување информации со трети страни за цели на спортско обложување, манипулирање со резултатите и исходите од натпреварите и одбивање да учествуваат во истрагата.
Се верува дека универзитетите и персоналот не се вклучени во нелегалните активности и не се очекуваат казни против институциите.
НЦАА соопшти дека дознала за „невообичаена активност на обложување“ преку својата програма за следење, а истрагата за поранешните играчи е фокусирана на натпреварите од регуларната сезона.
МИА
Ново на Сител
-

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата
-

Малолетник повреден со нож во скопски Центар, завршил со исекотини на клиника
-

Кривична против тетовец, договорил купопродажба на нотар, а возилото го продал на трето лице
-

Традиционална комеморација на загинати 33 македонски борци под француско знаме на македонски фронт 1914-1918 во Коломбел
-

МВР со важно известување: Во петок во Ѓорче ќе се уништуваат гранати
-

Трамп во писмо до израелскиот претседател Херцог побара да го помилува премиерот Нетанјаху
-

Перински од Струмица: Локалниот развој не е политика, туку одговорност кон граѓаните
-

Николоски: Брза пруга до Солун, олеснување на постапката за изградба на хотели се дел од проектите за развивање на туризмот по Коридорот 10 или автопатот Е 75
