Македонија
27. February 2025 - 12:22

Недостигаат археолози и кустоси

Недостигаат археолози, кустоси, билетопродавачи и продавачи на сувенири, водичи но и лица за одржување на вредното културно наследство. Од Завод и Музеј велат дека во Охрид се ангажираат студенти и пензионери особено во летниот период кога има зголемен број на посетители за надополнување на овој кадар.

Вредните пронајдени археолошки богатства стануваат се попривлечни за туристите од сите краеви ширум светот.

Според статистиките Заливот на коските, Самоиловата тврдина, Куќата на Робевци и Плаошник остануваат на врвот на најпосетени места во градот.