Балкан
27. July 2015 - 9:57

Најмалку 15 лица се уапсени во Анкара поради поврзаност со ИД

Турската полиција денеска уапси најмалку 15 лица во антитерористичка операција спроведена во Анкара.

Акцијата на турските безбедносни служби е насочена против членови на екстремистичката група Исламска држава (ИД).

Во последните денови турската армија изврши неколку воздушни и артилериски напади врз позиции на ИД во пограничните подрачја со Сирија и уништи објекти на Курдската работничка партија (ПКК) во северниот дел на Ирак.