Македонија
13. December 2024 - 16:55

Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата

Судството мора да се бори со корупцијата на сите нивоа, не само со Груби и Беџети. По последната црна листа на САД, евроамбасадорот Рокас вели дека за да се постигне оваа цел, правосудниот систем мора да биде независен. За зајакнување на судството Унијата има превземено значајни активности, меѓу кои се и 40те препораки на Оценската мисија.     

Соединетите Aмерикански Држави презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата, со ставање на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети на американската црна листа. Меѓутоа, она што е важно е дека судството во државата треба да ги преземе сите активности не само во врска со овој последен случај, туку и сите други видови на корупција кои се присутни, со цел да имаме независно судство“, рече Рокас.

Евроамбасадорот Рокас ги поздравува и вчерашните претреси во Судскиот совет. Вели дека на јавното обвинителство мора да му се даде простор да ги истражи сите сомнежи за корупција.
Мислам дека канцеларијата на Јавното обвинителство секогаш треба да ја има можноста да ги направи сите можни пребарувања во случаи кога постојат сомнежи за постоење на корупција во одредена институција.

Без разлика дали станува збор за индивидуални или општи акти, во едно демократско општество на Јавното обвинителство треба да му бидат ставени на располагање сите механизми за да може да изврши истрага за можна корупција“, додаде Рокас.

Токму реформите во судството се клучни реформи и на патот на Македонија кон ЕУ. Евроамбасадорот вели дека во тек се повеќе дипломатски активности кои треба да ги придвижат процесот, особено по најавите на новото раководство на Европската комисија дека проширувањето останува врвен приоритет. По средбите на почетокот на месецов, премиерот Мицкоски следната недела во Брисел повторно ќе има можност да разговара со европските челници.