По јазикот проблем и химната
Интонирањето на државната химната во средните училишта, како и тоа документите во училиштата каде учат ученици од албанската етничка заедница да бидат задолжително и на македонски јазик, нов меѓетнички камен за опозициската ДУИ. Интегративците на Ахмети обвинуваат дека новиот Закон за средно образование бил анти-рамковен.
Предложените измени на Законот за средното образование, меѓу другото, предвидуваат: Асиметрична употреба на јазикот и писмото во педагошките документи, Развивање на културни активности исклучиво во духот на македонската традиција и националната историја, со маргинализирање на културата и придонесот на другите етнички заедници во земјата, Параграфи кои го исклучуваат мултиетничкиот идентитет во средните училишта и промовираат доминација на еднострана етничка нарација, со што се нарушува рамноправноста загарантирана со Охридскиот договор и Уставот. Овие одредби претставуваат отворен напад врз основите на меѓуетничката рамноправност и обид за наметнување етничка доминација, што е во спротивност со духот и целите на Охридскиот договор.
Предлог-законот изминативе два дена ја поминаа во комисиска расправа. И таму пратениците на ДУИ реагираа дека во мултиетничка држава било несоодветно да се интонира химната во училишта каде учеле Албанци. Министерката Јаневска пак, одговпори дека државната химна е една и за сите и дека сите треба да се гордеат со нејзе.
Македонската опозиција пак, најавува амандмани, но без став за интонирањето на химната.
Законот за средно образование се уште не е ставен на пленарна седница.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар