Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е осомничен за друго тешко кривично дело и во моментот не е достапен на органите, информираа од Обвинителство.
На брифингот со медиуми во Основното јавно обвинителство, беше посочено дека тој е осомничен за палење на објект во Кисела Вода во кој на горниот кат имало станари. Индикативно е дека настанот за кој е осомничен е неколку дена пред изјавата дека го боли глава за давање исказ пред Судот.
Шефот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски денеска посочи дека две лица, соизвршители на делото за кое е осомничен Гоце се во притвор, а тој моментално не е достапен на органите за откривање и прогон.
- Законот за кривична постапка предвидува читање на исказот даден во истражна постапка доколку лицето не е достапно на органите на прогон. Значи по него се трага и не значи дека така ќе биде. Во моментот може да биде фатен и да си даде исказ во постапката за која е сведок. Но, таа можност постои и е предвидена во ЗКП неговиот исказ даден во истрагата да се прочита цел на главната расправа, посочи Бубевски.
За случајот, за кој се трага по Гоце Трајковски, на сајтот на ОЈО Скопје е објавено, дека се случил на 13 ноември околу 3 часот наутро, при што било опожарено кафуле на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.
Во однос на тоа како Гоце Трајковски, како приватно лице шета низ градот и собира снимки за случајот, надлежниот обвинител рече дека тие не се повикани да одговорот, посочувајќи дека снимките се обезбедени на легален начин, со наредба преку МВР.
- Тоа е тој дел за кој ние можеме да зборуваме, а за тоа кој ги давал снимките на физичкото лице не можеме да одговориме, посочуваат од Обвинителството.
Предмет на обвинение, посочи надлежната обвинителка, се дејствијата што обвинетите ги извршиле и штетната последица, кои што се опишани и се на товар на докажување на Обвинителството.
- Точно е дека предмет засега е и делот со користољубие, но бидејќи Обвинителството тргнало со докажување на овој дел како елемент на кривично дело, да бидеме трпеливи и видиме до крајот на судската постапка дали ќе успееме да го докажеме. Со оглед на тоа дека сме поднеле вакво обвинение, Обвинителството смета дека ќе има доволно докази, изјави обвинителката.
Следното рочиште за случајот со убиството на Вања и Панче е закажано за 16 декември. Гоце Трајковски, кој во овој случај е предложен од Обвинителството, според досегашните искази на другите сведоци, заедно со таткото на Вања прибирал и гледале видео снимки од околните објекти.
Ново на Сител
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина
-
Акција на грчката полиција за разбивање на турската мафија во Атина и Солун
-
Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји