Македонија
11. November 2024 - 12:21

АДКОМ на Балканската конференција во Приштина

Визијата на АДКОМ за креирање на мрежа од искусни професионалци кои ќе придонесат за подобрување на работата на пречистителните станици за отпадни води, беше презентирана на Балканската конференција за водниот сектор што се одржа во Приштина. Откако ќе бидат изградени, општините и ЈКП-ја се соочуваат со уште поголеми проблеми во однос на менаџирањео и одржувањето на станиците.

- Преку работата на АДКОМ создаваме заедница на практичари, каде искусни професионалци ги споделуваат своите знаења за да ги адресираат оперативните и предизвиците во делот на одржувањето на пречистителните станици за отпадни води. Оваа соработка иницира иницијатива за развој на капацитетите, размена на искуства, управување со тињата и иновативни пристапи за енергетска ефикасност на станиците за пречистување на отпадните води. Во  иднина, нашата цел е да ја зајакнеме оваа мрежа, да имплементираме оддржливи решенија и да воспоставиме подлабока соработка помеѓу засегнатите страни, за понатамошно подобрување на работата на пречистителните станици во регионот, изјави Наташа Радојкова, Офицер за застапување - АДКОМ

Пречистителната станица во с. Мојанци, Кочанско е пример за добра пракса, а токму од тука АДКОМ ја започна својата мисија за размена на искуства помеѓу раководителите и техничките лица на ЈКП-ја.

- Тоа е единствената станица во регионот со заокружен процес, третман на отпадните води и тиња и генерирање на „нула отпад“. Ќе ни биде чест и задоволство, доколку стекнатото знаење од повеќе годишната работа на станицата го споделиме со колегите од регионот, изјави Радостина Стоилкова, Раководител на ПСОВ, ЈКП „Водовод“- Кочани.

Целите на заедницата на практичари се, индентификување и привлекување на искусни професионалци од секторот, да се лоцираат проблемите со кои се соочуваат вработените на пречистителните станици, да се изнајдат соодветни решенија и да се оптимизира третманот и одлагањето на тињата. АДКОМ во соработка со RCDN редовно организира симпозиуми, конференции, тренинзи и работилници и ги застапува интересите на своите членки пред локалната и централната власт.