Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбеднa храна
Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската населба Маџари.
Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна.
-Граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни, апелира АХВ.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје