Loading Video...
Македонија
24. јуни 2024 - 16:37

Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања

Новата македонска Влада ќе биде силно посветена на европската агенда. Македонија сака напредок на европскиот пат врз основа на копенхашките критериуми, а не процес оптоварен со билатерални прашања. Со учество на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Луксембург новиот шеф на македонската дипломатија го стартуваше својот мандат. 

Но за напредок ќе треба многу дипломатски алатки имајќи предвид дека во Лускембург, Муцунски го пречека и грчкиот Министер за надворешни работи кој уште еднаш повтори дека Македонија не може да се надева на членство во Европска унија доколку не го почитува преспанскиот договор

Првиот работен ден Муцунски го продолжува со работна вечера со Министрите аз надворешни работи на земјите членки на Европската Унија по што заминува за Брисел каде веќе има договорена средба со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со високи претставници на Европската Унија.