Бездомни кучиња од околните општини се носат и оставаат во Струмица
Возрасни кучиња од други градови се носат во Струмица и се истовараат на различни локации во општината. Најчесто тие се носеле од западниот дел на државата, но имало случаи кога тоа го прават и лица од југоистониот регион. Ваквата појава според директорката на стационарот Лана , овластеното прифатилиште за бездомни кучиња значително го отежнува решавањето на еден од најгорливите проблеми кој се провлекува со децении.За ваквите тврдења од прифатилиштето имале и докази кои веќе биле доставени до надлежните институции.
Во меѓувреме од стационарот велат дека интензивно работат на терен и ги лоцираат и третираат сите бездомни кучиња во општината. За 14 месеци колку што постојат биле третирани околу 820 кучиња.
Со цел да се подигне свеста кај граѓаните, стационарот Лана започнува и со едукативна кампања, Преку неа имаат намера да ги едуцираат граѓаните за чувањето домашни миленици, но и да ги мотивираат во што поголем број да вдомат бездомно куче. До сега официјално преку нив биле вдомени 120 кучиња, а уште шеесетина се згрижени од граѓани.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар