Македонија
5. јуни 2024 - 16:41

Мицкоски: Не сме Талибанци - ќе го почитуваме Преспанскиот договор

Не планираме никаков талибански пристап. ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор а Грција да престане да шири хистерија во функција на својата предизборна кампања, порача денеска првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ на ден пред да го добие мандатот за формирање на новата Влада. 

Сепак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе го задржи правото на слобода на изразување и земјава ќе ја нарекува Македонија

По најавата на грчкиот премиер Мицотакис дека прашањето за почитувањето на Преспанскиот договор ќе го отвори и на самитот на НАТО во Вашингтон, Мицкоски вели дека веќе има подготвен одговор. 

Прашањето за почитувањето на преспанскиот договор Атина го отвори по заклетвата на Претседателката Силјановска која одби да ја користи придавката северна. Инаугурацијата се совпадна со кампањата за европските избори кои во Грција ќе се одржат во недела, на 9 јуни.