Свет
19. November 2023 - 11:38

Украинската ПВО ноќеска уништила 15 од 20 руски дронови, Руската ПВО еден украински што летал кон Москва

Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила 15 од 20 лансирани руски беспилотни летала за напади врз земјата, соопштија украинските воздухопловни сили.

Од друга страна, руските противвоздушни сили ноќеска, еден час по полноќ, уништиле беспилотно летало, што било упатено кон Москва, изјави градоначалникот Сергеј Собјанин.

Според првичните информации, нема жртви или предизвикана штета од падот на деловите од соборениот дрон, пренесоа руските медиуми.

Интерфакс Украина наведе дека руските сили од север, од областа Курск,  нападнале со дроновите „Шахед“.

Украинската ПВО, се додава, дејствувала во регионите Киев, Полтава и Черкаси.

Претходно градските власти на Киев соопштија дека Русија втор ден по ред до дронови го напаѓа главниот град на Украина и дека воздушната опасност во Киев се најавува по неколку пати на ден.

Според досегашните информации, во нападите нема повредени ниту поголема материјална штета.