Македонија
10. July 2023 - 9:55

Најголемиот регионален малопродажен ланец за производи за домот Comodita Home отсега и во Skopje City Mall

Во среда (12 јули) Comodita Home го отвора најновиот продажен салон во Македонија, во Skopje City Mall. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман на производи. Продажниот салон е лоциран на вториот кат во молот.

Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од  3900 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, чаршафи, прекривачи за кревет, бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст. 

За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, на денот на отворањето ќе бидат доделени 30 ваучери во вредност од по 1000 денари за најбрзите 30 купувачи.

Дојдете во среда на 12 јули во 12 часот и откријте ги сите изненадувања, понуди и попусти на големото отворање на продавницата на Comodita Home во Skopje City Mall на вториот кат.