Кина: Легитимно е да распоредуваме ракети на своја територија
Какво било распоредување на ракети на кинеска територија е легитимно, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи во врска со тврдењата дека Кина распоредува модерни ракетни системи земја-воздух на еден од спорните острови, кои ги контролира Пекинг во Јужното Кинеско Море.
Портпаролот на Министерството, Хонг Леј изјави дека нема детални информации кога станува збор за можното распоредување ракети, но додаде дека секој поставен објект има врска со националната одбрана, а не со милитаризација.
Во меѓувреме, како што јави Танјуг, кинеското Министерство за одбрана соопшти дека кинеските воздухопловни и поморски одбранбени објекти на „релевантните острови и гребени“ се распоредени пред повеќе години.
- Парацелските Острови се кинеска територија, така што Кина има право таму да ги распореди воените објекти, додаде Министерството.
Кинескиот министер за одбрана Ванг Ји претходно денеска изјави дека наводите за распоредување на кинески ракети ги измислиле одредени западни медиуми, како и дека повеќе внимание треба да се посвети на „јавните услуги и добробитта“, која ја носи кинеското распоредување на поморската територија на која Пекинг има право.
Тајвански и американски претставници изјавија денеска дека Кина распоредила ракетен систем на Парацелските Острови. Командантот на американската Пацифичка команда Хари Харис оцени изутринава дека распоредувањето на ракетите на таа група острови во Јужното Кинеско Море е спротивно на ветувањата на Пекинг дека нема да го милитаризира тој регион.
Ново на Сител
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин