Бизнис
22. May 2022 - 8:29

Бектеши на средба со трговци од Охридско-струшкиот регион

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Охрид ќе оствари средба со трговци од Охридско-струшкиот регион.

На средбата, како што информира ресорното Министерство, ќе ги информира за предложените измени и дополнувања на Законот за трговија за „недела неработен ден“ во туристичките места.

Во рамките на посетата, додаваат, предвидено е министерот Бектеши да направи обиколка низ трговските објекти во Охридската чаршија.

Чаршискиот еснаф од Охрид и Струга со поддршка на угостителите, хотелиерите и локалните самоуправи бараат туристичките места да бидат изземени од Законот и недела да биде работен во туристичката сезона, но и во продолжените викенди преку цела година. Тврдат дека со законското решение, со кое од 1 јануари недела е не работен ден, трпи бизнисот, а губи и туризмот во градот.