Голем корупциски скандал: Уапсен хрватскиот министер Хорват
Полицијата во соработка со УСКОК утрово изврши претрес во куќата на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот Дарко Хорват во Меѓумурје. Истрагите се поврзани со злоупотреба на службената должност и овластувања. Министерот Хорват денеска е уапсен, а попладне ќе биде сослушан.
Според неофицијални информации, станува збор за истраги поради повеќемилионски незаконски дејствија. Истражните органи ја проверуваат вмешаноста на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац. УСКОК се сомнева дека таа, на барање на Јосипa Римац, поранешна градоначалничка на Книн, организирала државна помош за претприемачи од Министерството за економија во времето кога го предводел Хорват.
Заедно со Хорват, под истрага се и поранешниот министер за земјоделство Томислав Толушиќ и потпретседателот на Владата, Борис Милошевиќ. Според досегашните информации, тие се осомничени дека барале вработување преку врски и поради давање државна помош.
Неофицијалните информации покажуваат дека спорно е издвојувањето на пари од програмата за развој на претприемништвото и занаетчиството во области населени со припадници на националните малцинства.
Парите наводно биле доделени без критериуми, но се уште не се знае колкав износ е распределен на овој начин, ниту пак колку се поединечните суми.
Иако првичните информации беа дека под истрага е и министерот за труд Јосип Аладровиќ, агенцијата Хина објави дека тоа не е точно.
Ново на Сител
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин