МЗ: Поради голем број фалсификати сертификатите за вакцинација треба да се обноват

Министерството за здравство соопшти дека во текот на вчерашниот ден, граѓаните кои имаат генерирано EU сертификат за вакцинација преку vakcinacija.mk , треба да генерираат нов преку веб порталот. Станува збор за безбедносен протокол со што се спречи користење на лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни податоци.
Сите земји што имплементирале EUDCC , како што се посочува, се соочуваат со постојани напади на нивните системи од трети, малициозни страни. Меѓу нив е и Република Македонија.
Како дел од ваков напад на систем, вчера трети страни успеале да изгенерираат четири лажни EU сертификати, со лажни имиња и лажни лични податоци, а на сертификатот пишувало дека истите примиле вакцина во Република Македонија. Во лажните EU сертификати не беа напишани имиња и податоци на наши државјани. Личните податоци на нашите граѓани се безбедни и нивната сигурност не е нарушена, а воедно, безбедноста на системите е зголемена и активно се следи и подобрува, што придонесува во иднина да се избегне ваков случај, информираат од Министерството и нагласуваат дека нивни тимови се во постојана комуникација со тимовите за сајбер – безбедност што ја поддржуваат инфраструктурата на EUDCC, ангажирани од Европската Комисија.
Со цел поништување на лажните сертификати и обезбедување на зголемена заштита, EU сертификатите на граѓаните на Република Македонија се одново генерирани. Секој граѓанин може на многу едноставен начин, за помалку од една минута, да го преземе својот личен EU сертификат преку пристап на порталот vakcinacija.mk , посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека не станува збор за генерирање или повлекување од употреба на Националниот сертификат за вакцинација, туку за генерирање на EU сертификатот кој исто така може да се преземе на vakcinacija.mk како и CommonPass.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
