Жител на Лагадин обвинува за нелегална дозвола за градење, општината вели дека се испочитувани сите законски процедури
Сопственик на куќа во охридската населба Лагадин преку медиумите обвинува дека Општина Охрид издава дозвола за градење спротивни на позитивната законска регулатива и мерките придевидени со Планот за управување со светското природно и културно наследство на УНЕСКО.
Во писмото лиферувано до медиумите се наведува дека со одобрение за градба издадено на 2 јуни оваа година на инвеститор му се дозволува да ја урне неговата половина од објект во Лагадин и на тоа место да изгради нов. Според сопственикот на другата идеална половина од објектот со тоа се нарушува стабилноста на неговиот дел, а истовремено се постапува спротивно на експертското мислење по предметот издадено од Градежниот факултет во Скопје. Истовремено се посочува дека во истиот предмет се кршат не само сопственичките права туку и се врши кривично дело, спротивно на Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Општина Охрид во реакцијата по предметот посочува дека барањето за издавање на одобрение за градење на инвеститорот за изградба на објект на предметната локација во Лагадин датира уште од 2016 година, како и оти за предметната управна постапка се посочува дека се уште е во тек односно дека за неа нема правосилен управен акт.
По однос забелешките дека предметот е спротивен на Планот за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион, се посочува дека истиот е од период што не е опфатен со Планот, односно датира од пред негово донесување.
Истовремено од Општина Охрид нагласуваат дека инвеститорот ја има сета потребна документација неопходна за постапката за издавање на одобрение за градење, односно дека поседува елаборат за техничко решение за рушење на дел од објект и заштита и стабилност на преостанатиот дел од објектот, како и Градежен проект за заштита на градежна јама.
Ново на Сител
-

Цената на преспанското јаболко со Ордан Чукалиев | Неформално | Sitel Podcast 124
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова
-

Здружение „Безбедни патеки“: Србија има најголем број на загинати во несреќи во Европа
-

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
-

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
-

Зеленски ги разреши министрите за енергетика и правда од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина
-

Полициски службеник си пукал во рака додека го проверувал своето оружје
-

Мицкоски: Извршена е прва трансплантација на рожница во јавното здравство во нашата држава
