Пентагон: САД ќе продолжат да ги зајакнуваат дејствијата протви ИД

САД ќе продолжат да ги зајакнуваат дејствијата против групата „Исламска држава“ во Сирија со цел да ја уништат, изјави Министерот за одбрана Ештон Картер на заедничка прес-конференција со британскиот колега Мајкл Фалон.
- Ние во брзо време ќе преземеме некои мерки, за забрзување на исполнувањето на нашата стратегија и уништувањето на ИД, изјави Картер, додавајќи дека тоа го побарал претседателот Обама.
Обама, кој се обидува да ги убеди американците дека стратегијата против ИД е правилна, во понеделник ќе има седница во Пентагон, посветена на воените напори против ИД во Ирак и Сирија. Тој ќе го собере и Советот за национална безбедност, по што ќе има изјава, соопшти неговиот портпарол Џош Ернест.
Според анектите на јавното мислење, 68 отсто од американците сметаат дека воениот одговор на САД проитив ИД не е доволно силен, а 60 проценти не го одобруваат начинот, на кој претседателот се справува со терористичката закана.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Извршена е прва трансплантација на рожница во јавното здравство во нашата држава
-

Поради долг му упатувал закани и го испрскал со спреј во очите, приведен скопјанец
-

Три 13-годишни девојчиња тепале друга малолетничка во Центар
-

15-годишник во Аеродром нападнат од шест лица кои му барале пари
-

29-годишник сo „голф“ удрил во паркирано возило, па во тројца пешаци, меѓу кои тригодишно дете
-

Екс-директорка на здравствен дом од Делчево со наполнети 67 години останала на функција наместо да се пензионира
-

Полковник Кире Николовски одликуван со Сребрен медал за национална одбрана
-

Владата е стабилна, разговорите за пополнување на испразнетите места се во тек, вели премиерот Мицкоски
