Денови на европското културно наследство: Прилепскиот музеј достапен за децата со посебни потреби
Со посета на археолошката поставка и со едукативно-визуелна работилница за децата со посебни потреби, Завод и музеј – Прилеп првпат годинава се вклучи во манифестацијата „Денови на европското културно наследство“.
Пет деца од Дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“ и четири деца од Дневниот центар за церебрална парализа денеска ја разгледаа археолошта поставка во Музејот, беа дел од едукативната работилница и преку тидимензионални виедо апликации се запознаа со светското културно наследство.
Според Лилјана Неделкоска, стручен соработник во прилепскиот „Завод и музеј“, годинашнава тема на манифестацијата е „Забава и уметност“ и токму затоа се вклучени децата со посебни потреби.
– Покрај посетата на Архелошката поставка во Музејот на децата им организиравме аудиовизуелна, едукативна работилница. Децата се запознаа со европските и светските чуда, како што се Кинескиот ѕид, Колосеумот во Рим, Кеопсовата пирамида во Египет, Висечките градини во Вавилон и други чуда на уметноста кои ги доловуваа на автентичен, визуелен начин со тридимензионална апликација. Се надевам дека оваа соработка е само почеток и ние сѐ ќе направиме тие да се чувствуваат како рамноправен дел од нашето општество и заедно да го споделуваме и да го сочувуваме нашето културно наследство. Инаку, музејот оспособува мултимедијална училница за едукативни работилници со деца, рече Неделкоска.
Ваквата вклученост на сите деца со посебни потреби е огромен чекор во нивната социјализација и чувството на еднаквост со сите деца, нагласуваат Бранка Пројческа, едукатор во Дневниот центар за децата со церебрална парализа и Снежана Јошеска, социјален работник во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Ѕуница“.
– Многу ни е мило што со децата од Центарот сме дел од ваква едукативна работилница. Тоа придонесува за поголема вклученост на лицата со какви било попречености. Така тие се инклузираат, се едуцираат и се информираат во секој поглед, во овој случај од културата и културното наследство. Отворени сме за соработка со сите други институции да ги прошируваме знаењата, воедно да ги вклучиме лицата со церебрална парализа во социолошкиот живот во информираноста за нивно квалитетно живеење. Ги интересира сѐ што ги интересира и другите деца и секоја посета е добредојдена. Многу е битна достапноста до институцијата што ја направи и Музејот поставувајќи ја рампата на влезот, изјави Пројческа.
Социјалниот работки Јошеска истакна дека 17 години работи со лицата со попреченост.
– Секоја година со децата го посетуваме прилепскиот Музеј. Една од целите е запознавање со културеното наследство од нашиот град, а ова е посебно едукативно во рамките на Европските денови на културното наследство. Во нашата програма имаме повеќе активности надвор од Центарот за подобрување на процесот на социјализација на децата и интеграција во нашата општествена заедница. Нашиот дневен центар „Ѕуница“ е од отворен тип, мост каде нашите корисници влегуваат, се задржуваат за социјализација и се трудиме да ги вклучуме во локалната заедница, било да е во образовниот процес или во заштитните друштва. Сето ова за нив значи повисоко ниво на комуникација, запознавање нови лица, развивање на чувството за убаво, на задоволство и најбитно од сѐ, е да бидат среќни и да не бидат затворени во дневните центри, додаде Јошеска.
Од Музејот ја промовираа и поставената пристапна рампа за децата со посебни потреби и сите инвалидизирани лица.
– Прилепскиот Завод и музеј реши на ваков начин да ја одбележи оваа манифестација. Направивме и пристапна рампа за Музејот да биде достапен за сите. Поодамна почнавме да работиме со ученици за да им го доближеме културното наследство. Работиме со училиштта, а еве и со дневните центри за лицата со посебни потреби. Создадовме услови да не бидат маргинализирани и апелираме тоа да го направат сите институции. Имаме повеќе проекти кои опфаќаат работа со сите деца и ученици од училиштата и од градинките, објасни директорот на прилепскиот „Завод и музеј“, Благоја Атанасоски.
Ново на Сител
-
Молдавија воведува 60-дневна вонредна состојба поради енергетската криза
-
Николоски: Уште шест нови авиолинии до крајот на годината
-
Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД
-
Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас во посета на Тетово
-
Маск е првиот човек во светот кој има повеќе од 400 милијарди долари
-
Доделување сертификати на 145 земјоделци за одржливо земјоделство во Преспа
-
Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на фабрика за батерии за автомобили на компанијата „ABEE“ во ТИРЗ Кичево
-
Нова американска воена помош од половина милијарда долари за Украина