Македонија
20. November 2015 - 10:37

Во Тетово измерени 915 микрограми на метар кубен ПМ10 честички

Загадување на воздухот утрово е регистрирано во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Кавадраци и Велес. Концентрациите во утринските часови се движат од 65 до 250 микрограми на метар кубен, а највисоката концентрација во последните 24 часа од 915 микрограми е измерена во Тетово.

Во Кичево утрово се измерени 65 микрограми, во Велес 89, во Миладиновци 96, во Кавадарци и кај Ректоратот се измерени по 118, Карпош 120, Гази Баба 147, Лисиче 148, Битола 156, Центар 164 и Тетово 249 микрограми.

Во текот на ноќта максималните концентрации, според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање, од 108 микрограми се измерени во Миладиновци, 164 во Центар, 205 кај Ректорат, 216 во Кичево, 246 во Велес, 284 во Карпош, 289 во Кавадарци, 332 во Гази Баба, 514 во Лисиче и 915 во Тетово. 

Во Тетово мерната станица во последните 24 часа најниската коцентрација ја регистрирала во 10 часот кога биле измерени 161,65 микрограми на метар кубен.