Loading Video...
Ракомет
15. јуни 2019 - 15:43

Македонските ракометари подготвени да и се реваншираат на Грција

 
 
Македонските ракометари кои веќе обезбедија нов настап на завршницата на Европскиот шампионат, утре во Струмица ќе го одиграат последниот меч од квалификациите.  Црвено-жолтите се подготвени да ја угостат Грција, но и да и се реваншираат за поразот на првиот меч во Кожани.
 
Од  македонскиот стручниот штаб велат противникот не е за потценување, но одат на победа и очекуваат позитивен резултат.
 
,, Одиме на победа. Ќе се обидеме со две измени да внесеме малку и свежа крв во оваа репрезентација. Се надевам дека ќе се наметнат и ќе дадат свој максимум и ќе можеме да и за натпреварите на европското првенство да рачунаме на тие играчи„, изјави селекторот Данило Брестовац.
 
На позитивен резултат се надеваат и ракометарите. Велат овој натпревар е добра можност за реванш после поразот од претходната меѓусебна средба.
 
,, Мислам дека идеална прилика ќе биде ова, пред се да се реваншираме и да се одмаздиме на противникот. Да пробаме да одиграме најдобро што можеме и да издвојуваме победа пред нашата македонска публика, пред струмичката публика. Ова е огромна можност за струмичани да дојдат да не поддржат, да ни дадат поддршка за да го оствариме еден тој потребен бод за да можеме овие квалификации на првото место на табелата“, потенцира капитенот Кирил Лазаров 
 
И чуварот на мрежата Никола Митревски верува дека овојпат нема да има изненадување и дека Македонија ќе ја потврди фаворитската улога. 
 
,, Изразити фаворити сме и освен победа ништо друго не ни преостанува. Секако треба да се одигра максимално мотивирано и борбено, да ја добиеме и да го покриеме тој пораз колку што се може од Кожани во ноември“, дополни Митревски
 
Овој дуел предизвика голем интерес кај љубителите на ракометот во Струмица од кои се очекува силна поддршка од трибините за македонските ракометари.
 
Натпреварот помеѓу репрезентациите  на Македонија и Грција се игра утре во спортската сала „Парк“ во Струмица со почеток во 18 часот.