Џет-Сет
15. јуни 2019 - 14:50

Мег Рајан пред 13 години посвои девојче од Кина, дури сега ја покажа во јавност ќерката

Американската актерка Мег Рајан, пред 13 години посвои 14-месечно девојче од Кина. Сепак, сите овие години таа ќерката Дејзи не ја покажа во јавност се до сега. Еве како изгледа тинејџерката Дејзи.

Мег Рајан и Дејзи се фотографирани при прошетка низ Њујорк, при што тие се држеа за раце.

Мег, инаку, во ретки случаи говори за Дејзи, и истакнуваше дека нејзината ќерка е исклучително паметна, шармантна и природна и сака да и ја зачува приватноста, поради што и одбива за неа да говори јавно или да ја покажува.