Живот
6. May 2019 - 18:56

Новото кралско бебе ќе се бања во луксуз, но еднo драгоцено нешто никогаш нема да го има

Меган Маркл денеска роди син, а кралското бебе ќе ужива во невиден луксуз. Сепак нема да има едно нешто, драгоцено во растењето на секое дете.

Тоа нешто е дедо. Да, ќе го има дедо му, принцот Чарлс, но дедото од мајчина страна веројатно никогаш нема да го запознае.

Меган Маркл веќе долго не разговара со својот татко Томас и за тоа има добри причини. На најбескруполозен начин во неколку наврати тој се обиде да го уновчи фактот дека ќерка му е сопруга на принцот Хари, поради што тие воопшто не се во комуникација.