Македонија
25. April 2019 - 18:45

Страшна сообраќајка на излезот од Битола: Од автомобилот и моторот не остана ништо

Предмалку на излезот од Битола кон Ресен, пред бензинската на Макпетрол се случила страотна несреќа.

Фото репортерот на Centar.mk кој е на местото на настанот јавува дека возило црвена алфа и мотор се уништени, а на местото врие од полиција.

Засега нема информации за евентуално повредени лица, а сообраќајот се пренасочува од страна на полициската.

Извор: ЦЕНТАР