Кривична пријава против 40-годишниот С.Ј кој со „мерцедес“ усмрти полицаец

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 40- годишниот С.Ј од село Пелинце кој со „мерцедес“ удри во полициски службеници, при што еден полицаец почина, еден се здоби со повреди, а потоа удри во друг автомобил, по што беа повредени три лица.
Кумановската полиција ја поднесе пријавата до ОЈО Куманово, поради сомнение дека С.Ј, сторил кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.
Како што се наведува во соопштението на СВР Куманово, тој на 21 април, годинава на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на крстосницата со населбата „Ајдучка Чешма“ со „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки удрил во 37-годишниот полициски службеник В.Ц кој почина на местото и во 25-годишниот кандидат за полициски службеник кој со тешки телесни повреди беше пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје.
С.Ј., избега од местото на настанот, по што на регионалниот пат удрил во „шкода“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 34-годишниот Н.П. Возачот, и сопатникот 42-годишниот Д.Ј се здобиле со тешки телесни повреди, А.Ј (52) со телесни повреди. Д.Ј била пренсена во „Мајка Тереза„, додека останатите во кумановската болница. С.Ј. бил пренесен во кумановската болница.
Од страна на судија на претходна постапка, нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Без вода Гинекологија Чаир и улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“
-

Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции или непотребно се упатени за операции
-

Без струја делови од неколку скопски општини
-

Украински напад врз рускиот град Новоросијск, погодени брод и складиште за нафта
-

Почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Во Владата прес-конференција на министерот за здравство и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-

МФ ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
-

Вучиќ: Верувам дека односите меѓу Србија и Франција се посилни денес од кога било во поновата историја
