Македонија
21. April 2019 - 11:47

Лице кое го имало клучот одбивало да отклучи гласачко место во Студеничани

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи.

На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Македонија.

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи, освен ГМ 2344 во општина Студеничани поради тоа што лицето кое има клуч од просторијата во која е сместено ГМ одбива истата да ја отклучи.

Останатите набљудувачи се на избирачките места и досега не забележале проблеми при набљудувањето на процесот.

Во текот на денот, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.