Штипски Суитлак останува да биде најголемата зелена површина
Локалната власт спречи изградба на станбени објекти во една од најубавите населби во градот, тоа е месноста Суилтак, информираше денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Најголемиот парк во Штип, што се белите дробови на градот ќе си останат најголема зелена површина, наместо на него да никнат станбени згради.
– Претходната локална власт имала идеи во делот на генералниот урбанистички план во оваа зелена зона да изникнат станбени објекти.Сакам да потврдам дека во разработката на новиот генерален урбанистички план на новата локална власт и идејата за изградба на станбени згради е запрена. Повторно овој дел се враќа во намена Д, зеленило, спорт и рекреација, рече Бочварски.
Тој забележа дека општината има за цел овој дел од градот да се развива за спорт и рекреација и во компактибилните намени што ги предвидува Д намена. Во тек е повик за инвеститори, кои преку јавно-приватно партнерство ќе можат да го изградат Спортско рекреативниот центар Суитлак, каде што ќе има игралишта, угостителски објекти и хотели, но не и станбени згради.
Прашан за уривањето на летната бавча Бриони, Бочварски вели дека инвеститорот на овој угостителски објект во моментов почнува со изградба на нов угостителски објект и ќе го гради согласно урбанистичкиот план. Новиот Генерален урбанистички план на Општина Штип се очекува да биде готов и усвоен до средината на оваа година.
Ново на Сител
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава
-
Вардар ја засили дефанзивата со Словакот Михаил Пинтер
-
Забрана за движење на тешки товарни возила на патот Гостивар–Кичево преку Стража
-
Измамена Охриѓанка за 300.000 денари - И кажал дека има пари на сметка од Биткоин
-
Тригодишно дете од Куманово се затруло од таблети
-
Аеродромот во Тирана за единаесет месеци го користеле над 100 илјади македонски државјани
-
МНР: Ќе се зголемува процентот на амбасадори од редот на професионалните дипломати, мандатот ќе биде четири години
-
Ристески: Преку 100 производи ќе се најдат во новогодишната кошничка, инспекција ќе врши мониторинг