Свет
18. March 2019 - 18:14

Во Истанбул живеат повеќе од 15,5 милиони луѓе

Според податоци на турскиот завод за статистика и Фондот за население на ОН, во Истанбул живеат 15 милиони и 670.724 луѓе.

Согласно овие бројки, 18,4 проценти од населението на Турција, кое моментално изнесува 82 милиони, живее во најголемата метропола во земјата.

Во последните пет години населението во Истанбул се зголемило за околу еден милион луѓе.