Ердоган: Турција нема да им дозволи на Курдите да ја преземат северна Сирија
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини курдските групи дека сакаат да ја преземат северна Сирија и посочи дека Анкара нема да дозволи тоа да се случи, пренесоа британските медиуми.
Во говор во југоисточна Турција Ердоган го критикуваше минатонеделното вклучување на сирискиот град Тел Абијад во новоформираната автономна курдска политичка структура.
- Се што сакаат е целосно да ја преземат северна Сирија, рече Ердоган. „Под никакви околности нема да дозволиме северна Сирија да стане жртва на нивната замисла. Затоа што тоа претставува закана за нас и за нас не е можно Турција да каже ’да’ на оваа закана“.
Турција е растревожена од територијалните придобивки на Курдите во сириската граѓанска војна, бидејќи стравува дека тоа може да го разбуди сепаратизмот меѓу курдското малцинство во Турција, посочуваат британските медиуми.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури