Декларација за политичко решавање на ситуацијата во Либија
Министрите за надворешни работи на Алжир, Египет и Тунис усвоија на состанокот во Алжир, Декларација за поддршка на инсклузивно политичко решавање на ситуацијата во Либија.
Шефот на дипломатијата на Алжир, Абделкадер Месахел и неговите колеги од Египет и Тунис, Самах Шокри и Хемаиес Џинауи изразија на состанокот на 5 јуни поддршка за зачувување на територијалниот интегритет, суверенитет и единството на Либија, како и пронаоѓање политичко решение преку дијалог со отфрлање на какво било странско мешање или воена опција.
Министрите нагласија дека е неопходно воздржување од какви било мерки, кои би можеле да го поткопаат процесот на барање политичко решение за кризата во Либија, соопшти Амбасадата на Алжир во Србија.
Во декларацијата се наведува дека „од императивно значење е да не се прибегне кон насилство, ниту да се преземат какви било мерки, кои би го загрозиле политичкото решавање на ситуацијата во Либија, бидејќи тоа би го продолжило страдањето на либискиот народ, посебно на стопански и хуманитарен план, се наведува во соопштението.
Министрите за надворешни работи на Алжир, Египет и Тунис се состанаа во Алжир во рамки на трилатералните консултации, кои имаат цел да ја поддржат либиската страна во напорите за конечно решавање на кризата во која се наоѓа Либија.
Ново на Сител
-
Паднаа Фејсбук, Инстаграм,Месингер
-
Средба на министерот Тошковски со Симон Ридли, државен секретар за внатрешни работи на Обединетото Кралство
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај