Македонија
19. January 2021 - 11:07

Николовски за Водици: Ова е ден на вербата во нови почетоци, пред нас е година на можности и шанси за сите

Почитувани граѓани,

На сите православни верници им го честитам денешниот голем христиани празник Богојавление Христово – Водици.

Овој ден е симбол на вербата во нови почетоци, во обновувањето, вербата во чесното и исправното.

Пред нас е една таква година, на нови почетоци, полна со можности и оптимизам.

Посакувам конечна, заедничка победа над вирусот, нови радости во семејствата, меѓу пријателите, на работните места, благосостојба, спокој и мир.

Државата е тука за народот, за рестарт на економијата и екномски раст, за целосна и сигурна вакцинација, за правда и праведност.

Државата е тука за уште повеќе пари кај граѓните, плати, пензии. За нови градинки, училишта, патишта, болници... 

Во духот на денешниот празник да се обврземе и пред себе си, на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање.

Да дадеме се од себе, затоа што новите почетоци тргнуват од секој од нас.

Нека е за многу години Богојавление – Водици. Бог се јави.

Да празнуваме одговорно, со почитување на мерките за заштита на здравјето и да се радуваме на новите почетоци. 

Да сте здрави и живи!