Николовски: Нема повеќе расипничко трошење на народните пари
Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, денеска од Валандово порача дека со Одлуката на Владата за ограничување на користење на угостителски услуги за функционерите нема повеќе расипничко трошење на народните пари, како што било случај со поранешната владина гарнитура, кога преку трошоци за угостителски услуги се извлекувале илјадници евра и со нив се купувало се и сешто.
Тој го рече тоа во одговор на новинарско прашање од МИА да изнесе детали за ограничувањето на сумите и како тоа е регулирано. При тоа додаде дека сега јавноста преку владините алатки за транспаретност и отчетност има увид во трошењето на парите.
Според него, со владината одлука, се унифицира трошењето за угостителски услуги за работните состаноци на функционерите.
-Одлуката се однесува за сите владини функционери и правни субјекти кои ги основала Владата. Со одлуката се предвидува точни износи на пари. Министер може да потроши 1.500 денари по лице, заменик министер и директор 1.000 денари, а замениците директори не се опфатени со оваа одлука. Го стеснуваме кругот, но и ги ограничуваме износите кои можат да ги трошат институциите и функционерите, вели Николовски.
Смета дека воспоставена е процедурата на контрола на трошењето и при тоа функционерите мора да имаат писмена резервација за состанокот, односно работниот ручек.
-Мора да има потврда, писмена информација за бројот на лица со име и презиме, природата и целта на работниот состанок, мора да има извештај за целта на состанокот во рамки на целокупната документација, односно приложена целосна документација-од резервација до потврда, извештај за состанокот, односно со сите информации кои треба да се содржат. Ги поставивме сите контролни механизми за да може секторот за финансии да ја одобри и исплата сумата, потенцираше вицепремиерот Николовски.
Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација