Николовски: На седница во вторник, Владата ќе предложи шести пакет економски мерки
Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски вечерва најави дека во вторник, на следната владина седница, ќе биде предложен новиот пакет мерки кои ќе ги опфати сите субјекти кои беа затворени во изминатите 14 дена.
– Ќе бидат донесени, нови десетина мерки во интерес и на компаниите и на граѓаните, најави Николовски во вечерното гостување на телевизија „Сител“.
Прашан дали имало прекршување на законите при денешното гласање во Собранието на кое присуствуваа и двајца пратеници заболени од Ковид-19, Николовски оцени дека ниту еден протокол или закон не се прекршени и упати честитки до двајцата пратеници.
– Се потврди владеачкото мнозинство и дека ова владеачко мнозинство нема да прифати уцени кога треба да испорачаме пари за граѓаните, рече Николовски, додавајќи дека сите кои се погодени од оваа криза не смеат да бидат заложници на еден човек и на опозицијата која, според него, постојано тврди дека има мнозинство во Собранието за, како што рече, да си ги одржи внатрепартиските состојби.
Додаде дека имаат целосна екипирана коалиција која црвсто стои зад потребите на граѓаните и која нема да прифати уцени на грбот на граѓаните.
– Мерките, политиките, особено во овие тешки времиња мора да ги носиме бргу и токму овој неодговорен однос на Мицкоски, кој еднаш е поразен на 15 јули, на некој начин по втор пат се поразува. Граѓаните тие политики не ги прифаќаат. Мислам дека со смена на многу работи може многу поконструктивно и поодговорно да се однесуваме сите и тогаш побргу ќе носиме мерки и политики за граѓаните. Ќе бидат поразени политиките на конфликти, поделби и на блокади кои граѓаните не ги сакаат. Граѓаните сакаат помош и поддршка во овие тешки времиња, рече Николовски.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово