Бизнис
16. September 2017 - 17:22

Николоски: Ќе се прави реонизација за да се утврди која култура каде може да успее за правилна распределба на субвенциите

Ќе се сади само таму од каде што ќе може да се добие квалитете род. Држвата ќе прави реонизација. Анализите треба да покажат која култура каде успева.  Врз основа на тоа ќе се делат  и субвнециите. Државна помош ќе добијат сите оние кои можат да обезбедат добар квалитет и високи приноси. Министерот Николовски најави и  модернизација на постоечките и изградба на нови системи за наводнување.

- Реонизацијата ќе помогне да се утврди кои реони ќе бидат приоритетни и каде ќе одат субвенциите, рече Љупчо Николовски министер за земјоделство

Ќе се прави и ревизија и контрола на семенскиот материјал. Анализите треба да покажат дали станува збор за квалитетно  или ГМО семе. Со тоа дополнително ќе се помогне да имаме квалитетен производ.

Николовски даде отчет и за тоа што е сработени во изминатите 100 дена. Меѓу точките беше спомената  исплатата на субвенциите.  За три месеци исплатени се 60 милиони евра. Остануваат уште 5 милиони евра , но тоа се спорни случаеви кои ја немаат целосно комплетирано документацијата.