Независни професионалци и експерти во антикорупциска, препорачува Заев
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев смета дека Државната комисија за спречување на корупцијата треба да е составена од независни професионалци и експерти, бидејќи станува за една од најсериозните корективи на извршната власт и еден од главните органи кој се бори против корупцијата.
- Прашањето за докомплетирање на составот за Антикорупциската комисија е на Собранието, а јас од тоа што го прочитав од медиумите знам дека неколку луѓе поднеле оставка и познато е дека се подготвуваат измени и дополнување на Законот. Мене ми е важно да има апсолутно експертска, независна и професионална комисија, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршување на денешното судење за „Поткуп“.
Премиерот посочи дека неделава планира да почне разговори за зголемување на парламентарното мнозинство.
- Планирам да разговарам со партиите кои имаат пратеници во Собранието, а досега не се дел од парламентарното мнозинство. Како ќе течат преговорите веднаш преку медиумите ќе и соопштувам на јавноста, потенцира Заев.
Ново на Сител
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје
-
До април 2025 година ќе почнат градежните работи за третата фаза за Старата скопска чаршија, најави Меџити
-
Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот
-
Македонец за 3,000 евра месечно отишол да се бори за руската војска во Украина