Македонија
9. December 2019 - 16:37

Невладините и општинските власти од Охрид контра новиот закон за дивоградби

Охрид СОС алармира дека новиот предлог закон за легализација на дивоградби е штетен .Од невладината на својата фејзбук страна и до министерството за транспорт и врски реагираат во врска со овој закон кој утре треба да биде разгледан на владина седница а се очекува да биде усвоен до крајот на годината.Тие велат дека јавноста е целосно отсечена и одземено и е правото да учествува во процесот на усвојување на еден од најштетните закони направен во корист на прекршителите.

Тие посочуваат три клучни од низата дилеми поврзани со нетранспарентниот процес на усвојување на законот.

Како ќе се третираат новоподнесените барања за легализација во Охридскиот Регион од 1 јануари 2019 имајќи предвид дека со актуелниот закон се опфатени само барањата до 31 декември 2018?

Охридскиот УНЕСКО регион се протега на територија на три општини, но не ги зафаќа во целост. Како ќе се регулира легализацијата во овие општини во деловите надвор од УНЕСКО)прашуваат од Охрид SOS.

За градоначалникот Георгиески новиот закон со кој се предлага изземање на охридско –струшкиот регион е дискриминирачки.

Од Охрид СОС бараат зголемување на бројот на градежни инспектори кои активно ќе работат на терен во корист на јавниот интерес и во служба на законите со цел бесправното градење да се сузбие наместо да се озаконува.