Свет
2. April 2020 - 18:03

Невладини организации: Здравствената криза може да прерасне во нарушување на човековите права

Силниот дигитален надзор за контрола на пандемијата на коронавирусот мора да биде ограничен во време и обем, порачаа денеска повеќе од 100 невладини организации, предупредувајќи ги владите да не ја користат оваа криза за нарушување на слободата на човековите права.

Организациите наведуваат дека владите ширум светот, од препознавања лица до следење на телефоните, се свртуваат кон технологии за следење на заразата и контрола на населението за време на карантинот.

„Но, без контрола, овие мерки може трајно да им наштетат на човековите права“, соопштија водечките светски невладини организации, предводени од „Хјуман рајтс воч“.