Loading Video...
Кошарка
22. May 2021 - 23:18

Неверојатен почеток на НБА плејофот: Мидлтон му донесе победа на Милвоки против Мајами

Ако се водиме по народната поговорка „Денот по утрото се познава“ тогаш во плејофот на НБА лигата не очекуваат големи возбудувања. 
 
Имено првиот меч од разугрувањето за шампионската титула меѓу Милвоки и Мајами што практично е реприза на минатогодишното финале во Источната конференција, донесе супер неизвесна кошарка, во која победникот беше решен на половина секунда и тоа во продолжението. 
 
А, со кошот на Крис Мидлтон кој беше најефикасен на мечот со 27 поени, се радуваат домаќините. Милвоки до водство од 1:0 во победи стигна со конечни 109-107. 
 
Во вториот меч од четвртфиналето на истокот, ноќеска ќе играат Бриклин и Бостон. 
 
И во Западната конференција два натпревари, ЛА Клиперс е домаќин на Далас, а Денвер го пречекува Портланд.