Бизнис
25. July 2021 - 21:16

Невакцинираните можна пречка за домашната економија, есента носи потреба за дополнителна помош од државата

Ако се случи ново затворање од есен, македонската економија ќе се соочи со катастрофални и непоправливи последици, предупредуваат стопанствениците. Велат дека имунизацијата е клучна за развој и излегување од оваа криза, а  невакцинирањето може повторно да го затвори светот.  

Според Рафајловски ако дојде до влошување на состојбата и воведување на нови рестрикции, наместо пакети помош, смета дека е потрбена сериозна инвестициска стратегија.

За полесно пребродување на кризата, владата донесе неколку пакети помош, но најкористената мерка беа субвенциите за плати. За време на пандемијата поради ограничувањата дел од секторите беа принудени да не работат скоро една година. Најмногу штети имаа угостителството, текстилот, туризмот. Некои целосно одлучија да го затворат бизнисот, други пак со олабавувањето на мерките се трудеа полека да се вратат во нормала.