Loading Video...
Фудбал
28. February 2021 - 18:18

Нестороски му донесе победа на Удинезе против Фиорентина

Македонскиот репрезентативец Илија Нестороски е јунакот на Удинезе во мечот против Фиорентина која црно-белите го добија со 1:0, а токму Нестороски беше стрелец на победничкиот гол. 
 
Горан Пандев пак ги одигра завршните 30-тина  минути за Џенова која на гостувањето во Милано кај неговиот поранешен тим Интер загуби со 3:0. 
 
По овие натпревари што беа во рамките од 20.коло на Серија А, Удинезе на Нестороски се проби на 12.место на табелата со 28 бодови, два повеќе од Џенова на Пандев која е тринаесетта. 
 
Лидерот на табелата Интер сега имаа 56 бодови, што е 7 повеќе од второ пласираниот Милан кој вечерва го очекува тешко гостување кај Рома.