Loading Video...
Фудбал
17. November 2021 - 9:20

Несреќен пораз на нашите младинци од Франција

Насреќен пораз од Франција претрпе младата македонска фудбалска селекција во квалификациите за ЕП 2023 година. 
 
Иако нашите надежи одигра храбро во дуелот против апсолутниот фаворит во групата, сепак Триколорите со голема доза на среќа стигнаа до победата со голот на Пјер Калулу, откако по еден центаршут топката се одби од Јован Манев. 
 
Со тоа Французите ја прокнижија петата победа во шесте одиграни натпревари, и останаа на врвот на табелата со 16 бодови, три повеќе од Украина која со 2-1 ја победи Србија. Нашата селекција остана трето пласирана со шест бодови, колку што имаат и фудбалерите од Фарските Острови, а Србија е петта со пет бода. 
 
Токму овие две селекции се следните противници на нашите младинци во дуелите што ќе се играат во март месец.