Бизнис
6. July 2022 - 16:44

Нема туристички работници, комората бара дозвола за вработување на 5000 лица од Турција

Црвен аларм за угостителски кадар. Недостасуваат  20.000 туристички работници. Комората најде решение за 5 илјади, обезбедени се од Турција, но бараат  државата да помогне – односно да им обезбеди статус за вработување.

 Македонците заминаа да работат  во  Храватска, Црна Гора и Словенија.  Причина – повисоките плати, кои во моментов нашите хотелиери не можат да им дадат.

Сите би ги прифатиле македонските плати кои, всушност се слични со оние во Турција поради кризата и падот на лирата. Нашите келнери, собари и рецепционери масовно заминуваат, главно на Јадранското приморје. Нашите плати се тие.

- Во Хрватска кафе е 15 евра, а кај нас две евра или ручек за четиричлено семејство е 500 евра. Со вакви цени нормално дека може да даваат и високи плати, ние 2 000 евра не можеме да си дозволиме, нагласи Керим

Недостигот од кадар може да предизива половина од туристичките капацитети за една година да стават клуч на врата. Ако корона пандмијата само во главниот град затвори 100  објекти, сега и поради немањето работници, но и поскапата струја, која ја трошат од 1 овој месец, ќе доведе до поразителни бројки.

- Бараме државата да ни помогне да аплицираме за ЕУ фондовите за ставање фотоволтаици на хотелите, за реновирање фасади, за да се намалат сметките за струја, додава Керим.

Од Туристичко угостителската Комора бараат и да се формира посебно министерство за туризам, каде би се адресирале сите проблеми со кој се соочува бизнисот.