Македонија
18. September 2020 - 16:56

Нема решение за целодневна настава, децата во училиште од 2 до 4 часа

Училиштата почнаа да испраќаат распореди за настава со физичко присуство од 1 октомври. Она што е воочливо е дека часовите на децата ќе траат од 2.30 до 4 саати. Потоа родителите имаат обврска да си го земат детето најдоцна 15 минути по завршување на часовите. Во плановите на училиштата дневниот престој воопшто не е споменат. Ова повторно предизвика неизвесност кај семејствата и бројни коментари кој ќе се грижи за децата после наставата кога тој период и двајцата родители се на работа, а немаат баби и дедовци.

-Страшно! Или нека си ги отворат дневните престои или за еден родител и од приватниот и од државен сектор нека си исплакаат минимална плата за ад си обезбедат грижа за децата!

-Родителите на децата кои ќе бидат на физичка настава, значи прво, второ и трето одделение, чии часови ќе бидат до 10,30 или 11.00 часот, кој после ќе преземе грижа за тие деца, нема никаде одговор, ова се дел од коментарите на загрижени родители на социјалните мрежи.

На две недели пред најавениот почеток на учебната година со физичко присуство од 1 до 3 одделение министерката за образование без конкретен одговор дали воопшто ќе има дневен престој.

-Се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со Министерството за труд и социјална политика, заради можноста децата да добијат одредена заштита по завршување на часовите, изјави Мила Царовска, министер за образование и наука.

Инаку првично Комисијата за заразни болести не препорача да има дневен престој во училиштата.