Бизнис
23. January 2023 - 16:31

Нема поевтина и фиксна цена за струјата за Клиниките

Нема поевтина струја за болниците и Клинички. Иако владата им вети, договорите објавени на веб страната на Бирото за јавни набавки покажуваат дека здравствените установи и натаму ќе плаќаат берзанки цени. ЕСМ продажба склучи договор вреден 2,6 милиони евра со 8 државни Клиники и институти по просечна цена на берзата на ХУПЕКС плус 5% трговска маржа. Во исто време, фирмата ќерка на ЕСМ, склучи договор со албанска компанија за трговија со струја да им ги продава ноќните вишоци по фиксна цена, далеку пониска од берзанската, од 98, односно 103 евра за мегават. Денеска магават на ХУПЕКС берзата се продава над 200 евра, што значи болниците во просек ќе плаќаат над 150 евра за мегават час. Зошто нема фиксна цена за здравствените установи, а има за трговци со струја, премиерот без конкретен одговор.

Дека ќе добијат пониска цена на струјата, премиерот им вети уште во септември, кога Кличинкиот центар се соочи со закана од мрак поради неплатени сметки за струја. Владата плати дел од долгот, ветувајќи бенефицирана цена за целото јавно здравство.

Од 1 декември прехранбената индустрија, основните школи и комуналните претпријатија за водни услуги добија субвенционира цена на струјата, од 95 евра за мегават час. На оваа листа ги нема јавните здравствени установи.