Нема откажување на Струмичкиот карневал, ќе се следат препораките од надлежните
Засега откажа една мала група со деца од Белград, поради препорака во нивното училиште да не се патува на екскурзии, а други откажувања немаме, информираше вечерва претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов пред почетокот на годинашните карневалски празнувања по појавата на коронавирусот во нашата држава.
Според него, Организациониот одбор ги почитува препораките на Владата, кои беа соопштени попладнево дека сите манифестации и животот треба да продолжат.
– Следејќи ги препораките одлучивме да го тераме карневалот, бидејќи ние не сме во состојба да одлучиме самостојно и да шириме паника ако го откажаме. Бидејќи, на ниво на државата е решено манифестациите да продолжат ние тераме според утврдената програма, додаде Цицимов.
Инаку, на Интернационалната карневалска вечер, која ќе се одржи в сабота, треба да учествуваат 45 поединечни и групни карневалски маски од земјава, но и од Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Грција, Италија и Германија со над 1.200 учесници.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени